Шефот на
стручниот штаб на Интер, Антонио Конте се чини дека се уште не е убеден околу
статусот на Кристијан Ериксен, кој мина низ потешкиот пат во дресот на
„Нероаѕурите“ по трансферот од Тотнем.
Ериксен
стартуваше од првата минута на мечот со Фиорентина во Копа Италија и за момент
се чинеше дека Конте го промени мислењето за позицијата на Данецот на теренот.
Конте самиот
посочи дека очекувал големи работи од Данецот на плејмејкерската позиција, а медиумите
за момент шпекулираа дека неговиот гол против Милан во четвртфиналето го
осигурал останувањето во тимот од Милано.
„Кориере дело
Спорт“ тврдеше дека многубројните обожаватели на играта на Ериксен јасно му
ставиле дознаење на Конте дека Данецот може да придонесе во играта на Интер.
28 годишниот
Ериксен се поврзуваше со враќање во Премиерлигата уште овој месец, па дури се
споменуваше и можен трансфер во ПСЖ и обнова на соработката со својот поранешен
тренер од Тотнем, Маурицио Покетино, овој пат во француската престолнина.
Како и да е, по
голот за победа во купот против градскиот ривал Милан, медиумите иако навестија
дека Ериксен би останал во Милано, сепак, се верува дека во тоа се уште не е
убеден Конте.