Конте објасни зошто Лукаку се мачел во Челси по трансферот вреден 115 милиони евра

by
1 минути читање

Минатото лето,
Ромелу Лукаку реши да се врати на „Стемфорд Бриџ“, Челси плати околу 115
милиони евра за неговите услуги, но напаѓачот не можеше да ја повтори формата
од Интер.

И покрај тоа што
„сините“ инвестираа огромна сума, решија да не сметаат на Ромелу Лукаку во
новата сезона и го вратија во Интер на позајмица.

„Тој беше добро
засилување за Челси, но на некои играчи им е потребно повеќе време за да почнат
да прават разлика“
– вели Антонио Конте, под чие водство Ромелу Лукаку блескаше
во Милано.

„Исто така,
Ромелу Лукаку две години во Интер беше трениран како крал. Тифозите покажаа голема
пасија и мислам дека му е потребно ова за да може да игра на највиско ниво,
затоа и сега се врати во Интер“.

„Ромелу има
потенцијал да игра во Премиерлигата и сигурен сум дека може тука да игра на
врвно ниво. Добро паметам како ја започна минатата сезона, играше навистина
добро и вие новинарите пишувавте дека Лукаку е многу силен“.

„Но можат да се
случат многу работи за да падне самодовербата на еден играч. Направи прав избор
да се врати во Италија и да игра за голем клуб како Интер со цел да ја врати
самодовербата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани