Оваа недела се појавија гласини дека таткото на Лео Меси купува имот во Милано, и тоа не многу далеку од канцелариите на Интер. Па повторно се појавија гласини дека Аргентинецот ќе го облече дресот на „нероаѕурите“.
Пред почетокот на мечот против Џенова, директорот Бепе Марота разговараше со новинарите.
„Тоа е фантази фудбал. Лео не е дел од нашите цели и мислам дека тој е заинтересиран за продолжување на кариерата во Барселона“ – порача Марота.
По победата од 0-3, новинарите истото прашање му го поставија и на Антонио Конте.
„Мислам дека нашиот директор веќе ви одговоро, но еве и јас ќе кажам збор-два. Нема лудак кој ќе ви каже дека не сака да го тренира Меси, но ваков трансфер не може да се случи во овој момент поради неколку причини. Во моментов, Лео може во Интер само на фантази фудбал“ – порача тренерот.