Конте: Не знам дали ќе бидам тренер на Интер и следната сезона

by
1 минути читање

Интер го загуби финалето во Лигата Европа од Севиља и не успеа да дојде до престижниот трофеј, но впечаток е дека нероазурите имаа добра сезона, а Конте има визија како да напредуваат и знае да го вади максимумот од тимот.

Но Конте има и проблематичен карактер и многу често да влезе во кавга со раководството, тоа се случува и сега во Интер, особено по неговата прес конференција по последното коло во Серија А.

Финалето против Севиља беше последниот меч оваа сезона за Интер, а Конте изјави дека не е сигурен дали ќе продолжи.

„Ќе имаме состанок следната недела во клубот и ќе одлучиме за мојата иднина. Не сум сигурен дека ќе биде тренер на Интер и следната сезона, заедно ќе одлучиме. Интер ќе ја планира иднината со или без мене“, изјави Конте за „Скај Спорт“ по вчерашниот меч.

„Скај Спорт Италија“ пишува дека Масимо Алегри ќе биде фаворит за наследник на Конте доколку биде одлучено за тренерска смена во клубот.

Едно такво сценарио би било интересно бидејќи токму Алегри го наследи Конте и во Јувентус. И тогаш беше назначен од Бепе Марота кој сега е генерален директор на Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×