Конте не го сака Тонали во Интер, големиот талент оди во Милан!?

by
1 минути читање

Ѕвездата на Бреша, младиот Сандро Тонали се очекуваше да потпише за Интер, веќе имаше договор меѓу двата клуба фудбалерот прво да оди на позајмица со опција комплетно да биде откупен за 35 милиони евра.

Но, Антонио Конте преферира други засилувања, па Интер се повлече. Цел на стратегот е искусниот Артуро Видал.

Информациите од Италија велат дека Милан сака да ја искористи оваа ситуација, Паоло Малдини имал состанок еден на еден со Тонали и го убедил да потпише за нив.

Милан ќе го добие Тонали на позајмица за која ќе плати 10 милиони евра, а потоа ќе доплати уште 25 милиони евра за трансферот да стане перманентен, плус три милиони во бонуси. Вкупната сума ќе изнесува 38 милиони евра.

Бреша бара и процент од следната продажба на Тонали.

Манчестер јунајтед исто така се интересира за Тонали, но тој преферира да остане во Серија А и го одбрал Милан.

Во текот на следната недела се очекува да потпише петогодишен договор со плата од 2 милиони евра по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×