Конте му ги расипува плановите на Мурињо?

by
1 минути читање

Според англиските медиуми Антонио Конте и Жозе Мурињо влегуваат во битка за дефанзивецот на Бенфика, Виктор Линделоф.

Мирор пишува дека Антонио Конте го пикирал Линделоф како цел број еден за летниот преоден рок.

Шведскиот дефанзивец е мета на Жозе Мурињо, гласините велеа дека трансферот ќе се реализира во јануарскиот преоден рок, но преговорите се одложија за по крајот на сезоната.

Интерес за Линделоф има и од Интер, а тоа само му ја зголемува цената која се шпекулира дека изнесува околу 38 милиони фунти.

Предност на Манчестер јунајтед е Златан Ибрахимовиќ кој може да влијае на својот сонародник, но се чини дека клучно во изборот на Линделоф може да биде настапот во Лигата на шампионите. Доколку Мурињо не му обезбеди пласман во елитата на Јунајтед, голема е веројатноста Швеѓанецот да го одбере Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани