Конте е познат по тоа што сака да освојува трофеи, во неговата прва нецелосна сезона успеа да го однесе Тотнем во Лигата на шампионите, што реално е одличен успех.
Но, Конте не се задоволува само со пласман во ЛШ, тој сака да освојува трофеи.
„Многу добро ги знаете моите амбиции. Мислам дека минатата сезона пласманот во топ четири беше големо достигнување за сите нас, но ова е само почеток. Потребно ни е време и трпение, но ќе биде важно да биде посилни од минатото. Јас имам амбиција, а исто е и со клубот“, вели Конте.
„Клубот сака да изгради нешто важно за фановите. Нашата амбиција треба да биде да се обидеме да напредуваме и да се обидеме да бидеме конкурентни во сите натпреварувања во кои играме. Следната сезона ќе играме во Премиерлигата, Лигата на шампионите, ФА Купот и Карабао Купот, потребен ни е широк состав“,
„Знам дека ќе биде многу тешко да се освои нешто. Само што го почнавме овој процес, но во исто време е многу важно да се има амбиција и да се дава се, да се подобруваме. Донесовме играчи со квалитет и вистински карактеристики за да го подобрат овој состав. Нашата амбиција е да бидеме конкурентни“.