Конте ќе го засили Тотнем со фудбалер на Рома?

by
1 минути читање

Тотнем наводно е
заинтересиран за ангажман на фудбалерот на Рома, Николо Заниоло, со тоа што
преговорите помеѓу 22 годишниот фудбалер и „Римската волчица“ за продолжување
на соработката се во застој извесен период.

Актуелниот
договор на Заниоло со Рома има важност до 2024 година, но според „Калчомеркато“
,
нема никакви сигнали дека ќе дојде
до ракување помеѓу обете страни на оваа тема.

Заниоло: Одлуката на Мурињо ме принуди да реагирам на теренот

Се верува дека
Рома посакувала да го продолжи договорот на Заниоло за дополнителни 12 месеци,
меѓутоа фактот што не произлегоа позитивни сигнали од обете страни ги натера
Тотнем и Јувентус сериозно да подразмислат за ангажман на бекот.

Особено Тотнем
чиј нов тренер е Антонио Конте, има голем и сериозен интерес пријавено за
Италијанецот, кој би можел да си замине од Рим уште во јануарскиот преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×