24фудбал

Заниоло: Одлуката на Мурињо ме принуди да реагирам на теренот

Николо Заниоло остана на клупата на мечот со Џенова, денеска беше стартер и имаше одличен настап зачинет со гол и асистенција.

Италија

Мурињо го седна Заниоло на клупата по една расправија меѓу двајцата на тренинг на Рома.

Наводно Заниоло барал да игра како втор напаѓач во средината, а не како офанзивно крило каде што го игра Мурињо.

Португалецот денеска го пушти Заниоло од првата минута, а тој ја прикажа можеби неговата најдобра партија оваа сезона, имаше неколку шанси, покажа дрскост, даде гол, имаше и асистенција по еден перфектен соло пробив.

„Поважно од мојот учинок е победата за тимот. Не бевме во лесна ситуација, но сега победивме и ќе продолжиме во нокаут фазата од натпреварувањето“, вели Заниоло.

Запрашан за неговата позиција поради која се расправал со Мурињо, Заниоло рече:

„Можам да играм позади напаѓачот, можам да играм и крилно, повеќе или помалку можам да играм на сите позиции во офанзивата. Тренерот ми рече да играм таму и јас целосно се ставам во располагање на тимот“.

„Тоа што ме седна на клупата изнуди реакција од мене, ја прифатив одлуката на тренерот, сакам да сум под притисок и одговорив на теренот“.

Зануло беше запрашан што научил од Мурињо досега.

„Мурињо ме учи да не се задоволам со добар перформанс, вели дека мора секогаш да бараме повеќе од нас и да продолжиме да напредуваме“.