На синоќешното
градско дерби помеѓу Челси и Тотнем летаа искри крај аут линијата, Томас Тухел
и Антонио Конте два пати влегоа во клинич. Првиот пат кога тренерот на гостите
претера со прославата на голот за 1-1, а вториот пат кога мечот заврши и
двајцата стратези тргнаа да се поздрават.
На средбата со
медиумите по крајот на натпреварот, Антонио Конте беше прилично смирен и
запрашан за настаните, тој рече, „Ништо важно, ништо важно“.
„Судијата ми
покажа црвен картон, иако не ја разбирам динамиката на настаните, морам да го
прифатам. Повторувам, ништо важно. Проблемот е помеѓу мене и другиот тренер“.
„Искрено не сакам
да коментирам за случувањата, има видео од настанот секој може да погледне и да
види што се случуваше. Сигурно дека нема да бидам пасивен. Доколку некој е
агресивен кон мене, и јас покажувам агресивност, но повторувам, ништо важно“.
Сепак,
Италијанецот ја продолжи „војната“ на социјалните мрежи, постираше слика од Томас
Тухел како го слави голот за 2-1 и напиша: „Имаш среќа што не те видов, заслужи
да те сопнам и да летнеше г’з преку глава“.
…red card on the pitch but still valid on social media.
Antonio Conte’s late night message to Tuchel on Instagram pic.twitter.com/lmYFxDEuKR
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 14, 2022