Под водство на Антонио Конте, Хари Кејн ја врати формата оваа сезона и повторно блеска. Тој досега има четири гола по четири одиграни натпревари.
„Мислам дека Хари Кејн е среќен бидејќи гледа дека проектот се движи во вистинска насока. Има визија, има правец и обединетост да напредува тимот како што тој очекува“, вели Конте.
„Зборуваме за напаѓач од светска класа, фудбалер кој во моментот е нај репрезентативен играч на Тотнем. Јас би сакал тој да потпише нов договор“.
„Во моментов најважно ми е тој да е среќен, да биде комплетно инволвиран оваа сезона, комплетно инволвиран во проектот, во она што го правиме. За мене тоа е најважно“.
„Одлуката за продолжување на договорот е на фудбалерот и клубот“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.