Конте го седна Сон на клупа, Јужнокореанецот одговори со два прекрасни гола и хет-трик! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лестер останува на последното место на табелата без победа, избраниците на Роџерс попладнево беа декласирани на гостувањето кај Тотнем.

Тилеманс од пенал ги донесе „лисиците“ во предност во 6. минута, но Кејн само две минути подоцна изедначи на 1-1. Даер во 21. минута погоди за пресврт и водство на домаќините од 2-1 но пред крајот на првиот дел Медисон реализираше за 2-2.

Тотнем се врати во предност веднаш на почетокот од второто полувреме, Бентанкур донесе 3-2 а потоа на сцена стапи Хеунг Мин Сон, кој беше седнат на клупа по слабите партии.

Јужнокореанецот постигна два прекрасни гола од далечина за во 87. минута да финишира една контра за хет-трик и победа од 6-2.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×