Конте: Фановите треба да бидат фанови, јас знам кој треба да игра, а кој не

by
1 минути читање

Џед Спенс е 22-годишен десен бек кој важи за перспектива во англискиот фудбал. Играше за англиската репрезентација до 21-година, во Тотнем пристигна ова лето. Претходно играше како позајмен во Нотингем Форест од Мидлсброу.

Фановите на Тотнем ја гледаат таа позиција како слабост во последно време и сметаат дека Спенс треба да добие шанса. Но Конте има поинакво мислење.

„Фановите треба да бидат фанови. Тие можат да мислат било што, но јас секој ден гледам што се случува на тренинзите“, вели Конте.

„Се обидувам да го давам најдоброто од мене, изборите кои ги правам се мои. Ако не сум одлучил да одберам некој играч, тоа е можеби затоа што не е подготвен“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×