„Конте е чудовиште, повраќав на тренинзите, за малку ќе доживеев срцев удар!“

by
1 минути читање

Антонио Конте
особено внимание посветува на фитнесот и физичката подготовка на фудбалерите, тоа
од прва рака го има искусено Марко Бориело, кој шест месеци работеше под водство
на стратегот во редовите на Јувентус.

„Никој не ме
тераше да трчам повеќе од Конте, Гасперини и Земан. Со нив, во три години, изгубив
шест години од мојата кариера“
– вели поранешниот фудбалер на Милан, Рома и
Јувентус.

„Повраќав под
водство на Конте. Бевме под будно око на лекарскиот персонал, го следеа нашиот
пулс. Веднаш штом биењето на срцето ќе се намалеше, почнуваа да се дерат и да бараат да го зголемеме интензитетот“.

„Стигнав до 196
отчукување во минута, бев на 99% од максимумот, малку фалеше да доживеам срцев
удар“.

Марко Бориело не
бил единствениот кој се жалел од строгиот режим на Антонио Конте.

„Фабио Кваљарела
не престануваше да пцуе на неаполски, Конте беше чудовиште. Но во исто време
беше и маестро, со него станувате подобар играч а екипата игра како по ноти“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани