Конте е бесен: Сакам да видам дали имаат храброст на голем тим да му поништат гол на овој начин! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тотнем одигра 1-1 на свој терен против Спортинг Лисабон и не смее да загуби во последното коло кај Марсеј за да се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите.

А таму ќе беше уште синоќа доколку победеше. Кејн даде гол во 95. минута, но ВАР му го поништи поради офсајд.

Конте смета дека ваков гол немаше да му биде поништен на некој поголем клуб од Тотнем.

„Сакам да видам дали тие би имале храброст да донесат ваква одлука против голем тим. Ќе повторам, погрешна одлука бидејќи топката беше пред Кејн“, вели Конте.

„Извинете што сум вознемирен, но понекогаш можете да ги прифатите одлуките, но некогаш не е добро, не гледам искреност во оваа ситуација и затоа сум вознемирен“.

„Поради оваа одлука треба да го чекаме мечот во Марсеј. Оваа одлука создаде голема, голема штета. Што ќе биде ако бидеме елиминирани во последното коло?“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×