По елиминацијата
од Милан во Лигата на шампиони, Ришарлисон го крена гласот, рече дека сезоната
е срање и се пожали за малата минутажа која ја добива.
Антонио Конте не чекаше
многу и попладнево испрати брутален одговор до Бразилецот.
„Го гледав
интервјуто и тој всушност рече, „Мојата сезона е срање“ и да во право е,
неговата сезона е срање бидејќи имаше многу повреди“ – изјави тренерот на Тотнем
на денешната прес конференција.
„Почна добро па
се повреди во Лигата на шампиони. Потоа замина на Светското првенство па и таму
се повреди посериозно. Се врати, еден месец беше надвор од стројот и потоа
следеше нова повреда“.
„Нема постигнато
гол во Премиерлигата, само два во Лигата на шампиони. Мислам дека момчето беше
многу искрено со тоа што кажа дека сезоната не му е добра“.
Антонио Конте
потоа додаде: „Кога зборувате „јас“, „јас“, „јас“ а не „ние“, значи дека
мислите само на себе и сте себични. Ришарлисон разбра дека погреши и ми се
извини“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.