815
Роналдо сака да си оди од Манчестер јунајтед, но тешко му оди потрагата по нов клуб со кој може да освојува трофеи.
Португалецот под изговор на семејни проблеми, досега не се појави на подготовките на Манчестер јунајтед, но јасно беше што е работата.
Според новинарот Дејвид Орнстејн, Роналдо ќе има состанок со Манчестер јунајтед на кој ќе се решава неговата иднина.
Ќе има состанок и со Ерик тен Хаг кој сака да го предомисли Португалецот да остане во тимот.
Агентот Жорж Мендеш му бара нов клуб, но Манчестер јунајтед засега инсистира дека тој не е на продажба.
Веројатно во наредните денови ќе се знае точно каде ќе игра Кристијано Роналдо во новата сезона.