Компани му ја промени позицијата, стана играч на сезоната во Андерлехт и направи трансфер во Манчестер Сити

by
1 минути читање

21 годишниот Серхио Гомез е четврото засилување за Пеп
Гвардиола ова лето, младиот Шпанец денеска го комплетираше трансферот вреден 11 милиони фунти (околу 13
милиони евра) плус бонуси.

Тој е продукт на
школата на Барселона но блесна минатата сезона под водство на Винсент Компани
во Андерлехт.

Позицијата на
Серхио Гомез беше променета, од лево крило/офанзивен фудбалер од средниот ред,
Винсент Компани реши да го игра како лев бек и не погреши. Шпанецот прикажуваше
одлични партии, забележа 7 погодока и 15 асистенции и беше прогласен за играч
на сезоната во Андерлехт.

„Горд сум и среќен
што се селам во Манчестер Сити, се работи за најдобриот тим во Англија и ќе
имам прилика да учам од Пеп Гвардиола, најдобриот тренер во светот на фудбалот.
Да се биде дел од овој клуб е остварување на сонот и нешто за кое аспирира
секој млад фудбалер“
– рече Серхио Гомез по трансферот на „Етихад“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани