Баерн Минхен како што стојат работите ќе ја освои титулата во Бундеслигата бидејќи има огромни осум бода предност во однос на второпласираниот Баер Леверкузен.
И Чаби Алонсо неодамна изјави дека шансите за Леверкузен да го престигне Баерн се минимални. Така на прес-конференцијата пред натпреварот со Мајнц новинарите констатираа дека освојувањето на Бундеслигата ќе биде прва титула за Компани.
Таквата констатација не му се допадна на белгискиот стратег кој потсети на промоцијата со Барнли во Премиер лигата.
„Ова е неверојатно, веќе вторпат оваа недела некој ми кажува дека ова ќе ми биде прв трофеј како тренер. Веќе го освоив со Барнли. Да, беше тоа промоција, но завршивме први на табелата, што значи дека освоивме титула. Но, добро, тогаш парадата во Барнли беше залудна“, изјави Компани.
Компани со Барнли успеа да се плсира во Премиер лигата во сезоната 2022/2023, но веќе во наредната тимот доживеа елиминација, додека Компани се пресели во Минхен.