Комо договорил поранешен напаѓач на Јувентус, ќе плати 45 милиони евра

by Стефан
0 минути читање

Екипата на Комо е блиску да потврди засилување во нападот во финишот на преодниот рок, откако постигна договор за трансфер на Мојзе Кин од Фиорентина, пренесуваат италијанските медиуми.

Како што објави „Газета дело Спорт“, трансферот е вреден 45 милиони евра. Фиорентина претходно ја одби понудата од 30 милиони фунти, а сега останува двата клуба да го договорат трансферот.

„Газета“ наведува дека Комо веднаш ќе плати 40 милиони евра, додека преостанатите пет милиони ќе бидат исплатени преку бонуси.

И покрај најавите за негов трансфер, Кин вечерва беше во составот на Фиорентина за дуелот со Рома.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×