13
На фудбалските терени во БиХ, на натпреварот меѓу Рудар и Посушје, беше видена несекојдневна ситуација која предизвика збунетост кај присутните.
Главните актери овојпат не беа само фудбалерите, туку и судиите, кои се појавија со опрема речиси идентична со онаа на домашниот тим. Ваквата сцена создаде конфузија кај гледачите, а веројатно донела забуна и меѓу играчите на теренот.
Интересно е што судиската екипа располага и со црна гарнитура, која претходно ја користеше во домашните натпревари на Рудар, но овојпат од непознати причини настапи во речиси исти бои како домаќините.
И покрај необичната ситуација, Рудар на крајот успеа да слави со 3-2.