Наполи можеби во
мислите го имаше дуелот против Милан во Лигата на шампиони но избраниците на
Спалети не се опуштија на гостувањето кај Лече, триумфираа со 1-2 и направија +19 на врвот на табелата.
Ди Лоренцо го
отвори резултатот во 18. минута, дефанзивецот највисоко скокна по една нафрлена
топка и погоди со глава за 0-1.
На стартот од
вториот дел, Ди Франческо изедначи на 1-1, но само десетина минути подоцна
Наполи се врати во водство.
Антонио Гало
реагираше неспретно и си постигна комичен автогол, го лобуваше својот голман од
пет метри.
Нашиот Елиф Елмас
беше стартер и целиот натпревар го помина на теренот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.