189
Фудбалерите на Манчестер Сити ќе се судрат со Саутемптон во полуфиналето на ФА Купот, а пресметката ќе се одигра на култниот Вембли.
„Граѓаните“ веќе пристигнаа во Лондон, каде што ги очекува еден од клучните натпревари сезонава, со можност да се доближат до нов трофеј.
Интересна сцена се случи при пристигнувањето на стадионот, кога менаџерот Пеп Гвардиола беше пречекан од навивачи на Арсенал. Фановите на „топчиите“ му упатија необична порака, барајќи од него да му „попушти“ на својот поранешен асистент Микел Артета во трката за шампионската титула во Премиер лигата.