Колумбијците го вперија прстот кон нашата Пројковска иако се пласираа во финале! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Македонската фудбалска судијка ја делеше правдата на мечот од полуфиналето на женската Копа Америка меѓу Колумбија и Аргентина, по крајот на мечот таа доби критики за една одлука од страна фановите на победничката селекција.

Колумбија го доби мечот по изведување на пенали, во регуларниот тек, а и по продолжението немаше голови.

На Пројковска и се замерува за еден недосуден пенал по една блокада на аргентинска фудбалерка со рацете.

„Господа од КОНМЕБОЛ нека не биде толку очигледно дека ВАР на Копа Америка служи за помош на Аргентинките“, гласи еден од повеќето коментари.

Некои не беа задоволни ниту од целосната арбитража на Пројковска.

„Ниту ужасното судење на Пројковска не успеа да ја исфрли Колумбија, иако во текот на натпреварот констатно судеше на наша штета“, истакнува друг фан.

Пројковска важи за една од најдобрите женски судијки во фудбалот, токму затоа доби покана од Копа Америка, а дури и беше доделено полуфинале.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×