Селекторот на Колумбија, Нестор Лоренцо го објави списокот за претстојното Светско првенство, а на него се најдоа и неколку добро познати имиња од генерацијата која испиша историја за оваа селекција.
Меѓу 26-те повикани фудбалери се Давид Оспина, Сантијаго Ариас, Хуан Фернандо Кинтеро и Хамес Родригез, кој пред 12 години беше една од најголемите ѕвезди на Мундијалот.
Враќањето на искусните фудбалери предизвика големо внимание кај колумбиската јавност, особено поради спомените на генерацијата која стигна до историски резултат и остави силен белег на светската сцена. Во Колумбија веруваат дека токму искуството на ветераните може да биде еден од клучните фактори за добар настап на претстојниот Мундијал.
- Списокот на Колумбија за СП:
