Коло Муани за промашувањето во финалето: До крајот на животот ќе ми стои кнедла во грлото!

by
1 минути читање

Коло Муани во 123. минута од мечот излезе сам пред голманот на Аргентина, но не даде гол, Мартинез го одбрани неговиот шут. Потоа во пеналите Франција загуби, и промашувањето на Муани доби уште поголемо значење.

Првпат по тој момент, фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт проговори за ситуацијата.

„Сѐ уште ја гледам таа шанса, ја знам напамет… Сѐ уште ми стои кнедла во грлото и ќе стои до крај на животот. Кога и да ја погледнам снимката! Прво што помислив кога ја добив топката беше: ‘Рендал, мора да шутираш!’ Се обидов да погодам на поблискиот дирек, но голманот на Аргентина фантастично одбрани. Кога ќе погледнам наназад, сфаќам дека имав и други опции, можев да го лобувам голманот, можев да му додадам на Килијан Мбапе на левата страна зашто беше сам… Но, него не го видов во акцијата зашто сѐ беше така брзо. Дури после кога ја гледав снимката ги видов другите опции, ама веќе беше касно“, рече Коло Муани.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани