Колку плати Реал за ангажман на Александер Арнолд? Во Англија едни бројки, во Шпанија други…

by bojan
1 минути читање
Арнолд

Медиумите од Англија и Шпанија имаат различни суми за трансферот на Трент Александер Арнолд во Реал Мадрид, првите велат дека зделката е вредна 10 милиони евра, додека пак другите пишуваат дека е само 5 милиони евра.

Реал попладнево го потврди она што се најавуваше со месеци, Трент Александер Арнолд ќе го облече белиот дрес.

Англичанецот се сели во Мадрид еден месец пред истекот на договорот со Ливерпул, па „кралевите“ ќе мора да платат обесштетување.

Според медиумите од Англија, Реал Мадрид ќе плати 10 милиони евра за да го има Трент Александер Арнолд на располагање за Светското клупско првенство.

Но според шпанските медиуми, сумата е двојно помала и изнесува 5 милиони евра.

Несогласување има и околу тоа кој ќе ја исплата платата на Александер Арнолд за месец јуни, во Англија се пишува дека овој трошок оди на сметка на Реал Мадрид, додека пак во Шпанија се вели дека Ливерпул ќе ја покрие оваа исплата.

Ова не е прва пат во јавноста да се пласираат различни суми, за трансферот на Герет Бејл долго време се пишуваше дека изнесува 90 милиони евра, но потоа документите кои протекоа покажаа дека трансферот всушност е 101 милион евра и поскап од тој на Кристијано Роналдо.

ФОТО: X/Liverpool FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани