Колку пари потроши Брајтон да го состави стартниот тим со кој победи на Олд Трафорд?

by
1 минути читање

Веќе одамна е познато дека Тен Хаг никогаш не ја презема вината на себе туку постојано бара изговори.

„Не сме во криза, но треба да бидеме разочарани. Сите тимови трошат многу пари. Брајтон троши пари. Кога ќе треба Манчестер јунајтед да купува, се надувуваат цените. Тоа исто така е точно“, рече Тен Хаг по мечот.

Можеби некој дел од оваа изјава и држи вода, но не и тоа дека Брајтон е во групата на клубови кои трошат многу.

За да го состави стартниот тим кој искочи на Олд Трафорд, Брајтон потрошил само 18,2 милиони евра. Колку за споредба, Манчестер јунајтед за Онана плати 52,5 милиони евра ова лето, а тој по првите пет кола, веќе прими десет гола.

Стартниот состав на Брајтон на Олд Трафорд:

Стил 0 евра

Данк 0 евра

Ван Хеке 2 милиони евра

Велтман 1 милион евра

Лампти 1,2 милиони евра

Дахуд 0 евра

Грос 3 милиони евра

Лалана 0 евра

Адингра 8 милиони евра

Митома 3 милиони евра

Велбек 0 евра

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани