Реал Мадрид
денеска го потврди првото засилување за сезоната 2022/23, на „Бернабеу“
пристигнува Антонио Ридигер.
„Кралевите“
добиваат одлично ново име во одбраната за кое нема да платат оштета ниту пак
астрономска плата.
Како што
пренесува АС, Антонио Ридигер ќе има основна нето плата од 7 милиони евра по
сезона, која со бонуси може да се искачи на 9-10 милиони евра.
Во моментов
најплатен фудбалер на Реал Мадрид е Герет Бејл со 16 милиони евра по сезона, но
тој си заминува по крајот на месецот, па на врвот ќе се искачи Еден Азар, кој
со 12 милиони евра по сезона ќе биде играчот со најголеми примања.
Потоа следуваат
Бензема, Модриќ, Крос, Куртоа и Алаба, со плати околу 10 милиони евра.