Дејвид Бекам, Пол Сколс и Гери Невил беа дел од генерацијата на Манчестер јунајтед наречена „Класата 92“. Тие прераснаа во вистински ѕвезди, но платата која ја добиваа со првиот професионален договор е смешна споредено со денес.
Во раните деведесети тие дебитираа за првиот тим, а потоа стана важен дел од доминацијата на Јунајтед под водство на Фергусон.
Платата на Бекам, Сколс и Невил во првите нивни професионални договори со Манчестер јунајтед изнесувала само 230 фунти неделно. Што е незамисливо за денес.
Кејт Гилеспи кој исто така кариерата ја почна во Манчестер јунајтед го открива тоа.
„Со Сер Алекс на чело на клубот, кога потпишавме професионални договори, јас, Бекам, Сколс, Бат, Невил…. во првата година заработувавме 230 фунти неделно“, вели Гилеспи.
„Сите имавме веќе дебитирано за првиот тим и цело време бевме околу првиот тим, но сите верувавме дека треба да се искачиме ниво погоре пред да почнеме да заработуваме големи пари. Тоа ни помагаше да останеме на земја“.
Сега младите фудбалери заработуваат милионски суми уште во првите договори.
„Тоа се луди пари кои ги заработуваат фудбалерите. Но, среќа за нив. Не е нивна вина. Има сериозни пари во фудбалот, а кариерите се кратки. Вашата кариера може да заврши за миг доколку заработите тешка повреда“.