Коларов потврди дека Пимента ја зборува вистината, а таткото на Самарџиќ лаже!

by
1 минути читање

Таткото на Лазар Самарџиќ го уништи трансферот на својот син откако побара да се променат финансиските услови пред да биде потпишан договорот. 

Трансферот го договори агентката Рафаела Пимента, за која подоцна таткото на Самарџиќ рече дека немала овластување да преговара и дека ја видел само еднаш.

Пимента го демантираше велејќи дека многупати се сретнале, дури и наздравиле за реализираниот трансфер, пред тој да го уништи. Таа кажа дека Коларов ја запознал со родителите на Самарџиќ по што почнала работата за реализација на зделката.

Коларов ја потврди верзијата на Пимента, што значи дека таткото на Самарџиќ лаже и како што и сите мислат, поради неговата алчност пропадна трансферот на неговиот син.

„Комплетно ја потврдувам верзијата на Рафаела Пимента, јас ја запознав со таткото на Лазар Самарџиќ и бев присутен на некои од состаноците. Нејзината верзија е апсолутно вистинита. Жал ми е што слушнав толку многу лаги од таткото на Лазар“, изјави Коларов.

Алчноста на таткото на Лазар Самарџиќ не само што му го упропасти трансферот во Интер, туку и го наруши односот со влијателни фудбалски имиња како што се Рафаела Пимента и Александар Коларов.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×