Коку импресиониран од Елмас, Македонецот во прв план кај холандскиот стратег

by
1 минути читање

Новиот шеф на
стручниот штаб на Фенербахче, Филип Коку им дава голема шанса на помладите
фудбалери, тоа е веќе познато, а од тоа што го пренесуваат дел од медиумите во
Турција, тој наводно во почетните состави на тимот од Истанбул ќе игра со Елиф
Елмас.

Македонскиот
репрезентативец не доби адекватна прилика за докажување во вториот дел од
сезоната во турската Суперлига под кормилото на Ајкут Коџаман, дури се
споменуваше и испраќање на позајмица за идната сезона, но, веројатно до тоа
нема да дојде.

Холандскиот
тренер полека но сигурно ги склопува коцките во тимот, посебен акцент ќе стави
на помладите фудбалери. На Филип Коку му се допаѓа стилот на игра кој го негува
Елиф Елмас посебно, тој веќе го импресионираше својот нов тренер во тимот и
очекувањата се македонскиот фудбалер да биде дел од почетните 11 под водство на
Коку, во средината од теренот
пишува „
TRT.

 

Извор: trtspor.com.tr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани