Кој ќе загуби најмногу од трансферот на Мората во Јуве? Милик може да остане без ЕВРО, АДЛ без 25 милиони

by
2 минути читање

Со недели се
најавуваше за зделка со која Аркадиуш Милик ќе се пресели во Рома, а Един Џеко
ќе направи трансфер во Јувентус. Кога се мислеше дека се е договорено, „волчицата“ и
Полјакот во 5 до 12 побараа да бидат променети условите.

Рома побара
попуст од 5 милиони евра бидејќи напаѓачот имал тешки повреди на колената во
минатото, а Аркадиуш Милик побара исплата на две месечни плати од сезоната
2020/21 како и да му се вратат парите од казната за бунтот во ноември 2019.

На Јувентус очигледно
му дојде преку глава, „старата дама“ повеќе не сакаше да чека, па тргна по Алваро
Мората и за брво време си подаде рака со Атлетико Мадрид за позајмица вредна 10
милиони евра и опција играчот во целост да биде купен за додатни 45 милиони евра.

Шпанецот синоќа
пристигна во Торино, денес треба да ги помине лекарските прегледи и да стави
потпис на договорот.

Оваа зделка сега
ќе влијае врз иднината на Един Џеко, кој си подаде рака со Јувентус за
двегодишен договор и плата од 7,5 милиони евра по сезона и само чекаше Милик да
пристигне на „Олимпико“. Босанецот, кој не настапи против Верона за да не
ризикува ништо, сега ќе мора да остане во редовите на „волчицата“.

Без трансфер на
Един Џеко во Јувентус, Рома ќе мора да се откаже од Аркадиуш Милик, или да
најде нов купец за „дијамантот“ и да ги продолжи преговорите со Наполи.

Што се однесува
до Аркадиуш Милик, неговиот агент ќе отпатува во Неапол за да најде компромис и решение на ситуацијата.
Се шпекулира дека Полјакот би можел да остане без настап на ЕВРО, Наполу му се
заканува дека цела сезона ќе преседи на трибини па тоа ќе придонесе тој да
остане без повик за континенталниот собир.

Од друга страна
Аурелио Де Лаурентис ризикува да остане без 25 милиони евра, колку што Рома
требаше да плати. Милик ја одработува последната година од договорот и веќе во
јануари може да си подаде рака со новиот клуб и следното лето беспари да
направи трансфер.

Неколку клубови
пројавуваат интерес, Тотнем, РБ Лајпциг, Баер Леверкузен и Валенсија, но никој
не е подговен на маса да стави 25 милиони евра, ниту пак да ги задоволи
барањата на играчот за плата од 5-6 милиони евра по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани