Со заминувањето на Пеп Гвардиола и Арне Слот, листата на најплатени тренери во Премиерлигата добива нов изглед, на врвот ќе се најде Микел Артета, а на второто место е Роберто Де Зерби.
Премиерлигата е најбогатото првенство во светот, фудбалерите заработуваат огромни суми, но ниту тренерите не заостануваат.
Со заминувањето на Пеп Гвардиола и Арне Слот, листата на најплатени тренер ќе добие нов изглед, и на врвот ќе се најде Микел Артета со примања од околу 15 милиони фунти по сезона.
Изненадувачки, на второто место е Роберто Де Зерби, па Тотнем иако се бореше за опстанок, му даде плата од 12 милиони фунти по сезона.
Во топ три има место и за Чаби Алонсо, кој на клупата на Челси ќе заработува околу 11,5 милиони фунти.
Останува да се види колку ќе „тежи“ договорот на Енцо Мареска со Манчестер Сити, како и тој на Андони Ираола со Ливерпул.
Мајкл Керик, кој неодамна беше награден со двегодишен договор од Манчестер јунајтед, има „скромна“ плата од 5 милиони фунти.