Кој би рекол дека ќе се случи ова: Пред 16 години играа заедно во Сандерленд, сега потпишаа за Челси!

by bojan
1 минути читање

„Сините“ го комплетираа и трансферот на Џордан Хендерсон, кој заедно со Дени Велбек ќе треба да донесе искуство и лидерство на „Стемфорд Бриџ“.

Челси изминативе години стави фокус на ангажман на млади, перспективни фудбалери, но тоа не им донесе многу успех.

Па „сините“ ова лето решија да внесат повеќе искуство во тимот и лидерство во соблекувалната, и ги ангажираа Дени Велбек и Џордан Хендерсон.

Интересно, двајцата во сезоната 2010/11 заедно играа во Сандерленд, а 16 години подоцна ќе имаат прилика да играат еден покрај друг и во Челси.

За преселбата на „Стемфорд Бриџ“, 36 годишниот Џордан Хендерсон вели: „Кога во предвид ќе ја земете големината на клубот, менаџерот, кого исклучително го ценам, и квалитетот на играчите, ова беше можност што едноставно не можев да ја пропуштам“.

„Бев импресиониран и од тоа колку сопствениците сакаат Челси да биде успешен и да се движат во вистинска насока“.

„Моја задача е секој ден да давам се од себе, и на теренот и надвор од него, за да им помогнам на соиграчите и на тимот. Едвај чекам да започнам“.

ФОТО: X/Chelsea FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×