Репрезентацијата
на Германија до 21 година одигра само 1-1 против Израел во воведното коло на
Европското првенство, младите „панцери“ има за што да жалат откако промашија
два пенали, еднаш не погоди Јусуфа Мукоко а вториот пат непрецизен беше Џесик
Нганкам.
По крајот на
натпреварот, двајцата добија навреди на социјалните мрежи, добар дел беа
расистички, па ѕвездата на Борусија Дортмунд реши да го крене гласот.
„Кога победуваме,
сите сме Германци. Но кога ќе изгубиме, веднаш доаѓаат коментарите за мајмуни.
Џесик ги доби, јас ги добив. Ова не треба да биде дел од фудбалот“ – вели Јусуфа
Мукоко.
„Сите се
обидуваме да му помогнеме на тимот, па одвратно е кога ќе добиеме вакви пораки.
Навистина боли. Никој не промашува пенал намерно“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.