Астон Вила
конечно го победи Арсенал на Вила Парк, „лавовите“ по 22 години се радуваат на триумф над „топчиите“ на домашен
терен. И веројатно немаше подобар момент за прекин на постот од 1998 година, со
овие три бода избраниците на Смит избегаа од зоната за испаѓање и драстично си ги зголемија шансите за уште една сезона во Премиерлигата.
Клучниот момент
се случи во 27. минута од мечот, по еден корнер, топката дојде до Трезеге кој
прецизно биеше на првата статива за 1-0.
Домаќините
одиграа цврсто, агресивно и амбициозно, па успеаја да одолеат на фаворитот во
продолжението од мечот и во пресрет на последното коло да се најдат на
позицијата број 17 благодарејќи на подобра гол разлика во однос на Вотфорд, на
кого сега му прети преселба во понизок ранг заедно со Борнмут и веќе отпишаниот
Норич.