Кога може Челси, можат и другите: Астон Вила сама на себе си го продава женскиот тим за да се спаси од казна

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Англија пренесуваат дека Астон Вила сама на себе си го продава женскиот тим во зделка која ќе донесе околу 55 милиони фунти и ќе се избегне казна за прекршување на правилата за Финансиски фер плеј.

Астон Вила најде начин како да ги балансира сметките и да избегне казна прекршување на правилата за Финансиски фер плеј.

Ќе биде копирана контроверзната зделка на Челси, па Астон Вила сама на себе ќе си го продаде женскиот тим.

10% од акциите ќе бидат продадени на инвеститор за 5,5 милиони фунти, со што целата вредност ќе се процени на 55 милиони фунти, и потоа останатите 90% од акциите ќе бидат продадени на сестринска фирма.

Астон Вила исто така планира да продаде и друг имот за да ги балансира сметките, една опција е популарниот „Магацин“, односно просторот за музички настани во близина на „Вила Парк“.

Ваквите зделки можеби се толерирани во Премиерлигата, но УЕФА не ги вметнува во своите калкулации за Финансиски фер плеј, па за да не добие казна од Европската куќа на фудбалот, Астон Вила ќе мора да де продаде и некој фудбалер во следните месеци.

ФОТО: fb/Aston Villa FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×