Вечерашнто финале од Лигата на шампионите ќе го суди романскиот судија, Иштван Ковач, тој ќе испише историја, но има и една интересна статистика.
Ковач ќе стане првиот судија кој ги судел финалињата во трите натпреварувања на УЕФА, Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.
Интересно е дека во финалињата од Лига Европа и Конференциската лига кога тој ги судел имало италијански тим и токму тој го кревал пехарот.
Лани го судеше финалето меѓу Аталанта и Баер Леверкузен кој го доби тимот од Бергамо со 3-0.
А претходно ја делеше правдата на финалето меѓу Рома и Феенорд кога римскиот клуб со Мурињо стигна до трофејот.
Дали ваквата традиција ќе продолжи и вечерва со Интер, останува да се види.