„Кога Интер со 20 бода помалку од нас играше финале, Наполи требаше да ја освои Лигата на шампиони!“

by
1 минути читање

Наполи минатата сезона конечно се израдува на титула во Серија А, и го освои Скудетото по пауза од 33 години. Првиот човек на клубот, Аурелио Де Лаурентис сега вели дека требале да триумфираат и во Лигата на шампиони.

„Бев разочаран од елиминацијата во Лигата на шампиони, очекував да ја освоиме“ – вели АДЛ.

„Кога Интер со 20 бода помалку од нас играше финале, зошто па ние да не бевме таму? Беше одлично што конечно го освоивме Скудетото, но триумф во Лигата на шампиони…“

Тој потоа проговори за разделбата со Лучано Спалети, погрешил што му дозволил на стратегот да се повлече од клупата на Наполи.

„По трите натпревари со Милан, му испратив мејл на Спалети и го известив дека ја активирам опцијата за уште една додатна година. Многумина велат дека не сум покажал прави манири, но една работа се договори, друга работа е пријателство“.

„Се обвинувам самиот себе, Спалети требаше да остане. Веројатно ќе се судревме во еден момент и ќе завшевме на суд, но мораше цврсто да застанам зад она што го имавме договорено“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани