Како што пренесува Спортмедиасет, во договорот на Душан Влаховиќ денеска ќе се активира клаузула според која платата на напаѓачот ќе порасна за 2,5 милиони евра.
Душан Влаховиќ изминативе денови често е во фокусот на медиумите, напаѓачот ќе почне да ја одработува последната година од договорот која ќе му донесе плата од околу 12 милиони евра по сезона, и одбива да стави потпис на нова соработка.
Србинот исто така ги одбива понудите од Турција и Саудиска Арабија, и на тој начин ги блокира трансфер плановите на Јувентус, односно намерата да го ангажираат Џонатан Давид од Лил.
Спортмедиасет сега појаснува каква е последната година од договорот на Душан Влаховиќ.
Тој има основна плата од 8 милиони евра, а примањата од денеска ќе се искачи на 10,5 милиони евра, на сила стапува бонус за лојалност во износ од 2,5 милиони евра.
На 30. јуни 2026 ќе се активира уште еден бонус за лојаност со кој платата за сезоната 2025/26 ќе се искачи на 12 милиони евра.
Активирање на овој бонус ќе значи најцрно сценарио за Јувентус, бидејќи 24 часа подоцна тој ќе може беспари да го напушти Јувентус и како слободен играч да потпише за било кој друг клуб.
ФОТО: X/JuventusFC