Актуелниот договор на Зиелински со Наполи истекува по крајот на оваа сезона, засега не е постигнат договор за продолжување на соработката.
Денеска се појави информација дека неговиот агент веќе стапил во контакт со Јувентус со кој преговара за евентуален трансфер на Зиелински на лето.
Зиелински е еден од клучните фудбалери на Наполи, а доколку се пресели во Јувентус ќе направи предавство како Гонзало Игуаин.
Фановите на Наполи никогаш не му го простија тој трансфер на Игуаин кој за нив е голем предавник поради ривалството кое го имаат со Јувентус.
Јуве не е единствениот клуб кој е заинтересиран за Зиелински, наводно и Интер го следи развојот на настаните.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.