124
Елиф Елмас би можел да го напушти РБ Лајпциг во зимскиот преоден рок, клубови од Шпанија и Англија пројавуваат интерес за Македонецот.
Елиф Елмас заработи повреда на натпреварот помеѓу Македонија и Летонија во Лигата на нации, го чека пауза од четири до шест недели, и за него годината е завршена.
Тој на терените ќе се врати во 2025, но прашање е дали тоа ќе биде во дресот на РБ Лајпциг или некој друг клуб.
Како што пренесува Билд, „биковите“ се подготвени да се разделат со Македонецот доколку пристигне примамлива понуда во јануари.
Се шпекулира дека неколку клубови од Шпанија и Англија пројавуваат интерес за услугите на Елиф Елмас.