291
Жерард Пике преку неговата компанија Космос стана сопственик на Андора во 2018, па клубот почна да бележи промоции и стигна до втората лига на Шпанија.
Очигледно амбициите се влез во елитата, како што пренесува Л’Екип, Андора сака да го ангажира Ханибал Межбри од Манчестер јунајтед, кој важи за еден од најталентираните играчи во школата на „ѓаволите“.
Андора предлага да до донесе Тунижанецот на позајмица и да превземе обврска во целост да го купи играчот за 25 милиони евра доколку обезбеди промоција во прва лига.
Интерес за услугите на 19 годишниот Ханибал Межбри пројавуваат и неколку клубови од втората лига на Англија, како ВБА и Бирмингем.