Клуб Бриж со кратко но брутално соопштение се раздели со Скот Паркер по само 67 дена

by
1 минути читање

Скот Паркер по втор пат оваа сезона заработи отказ, откако доби „клоца“ од Борнмут во август месец, денеска го снајде истата судбина и на кормилото на Клуб Бриж.

По серијата слаби резултати, пресуди убедливиот пораз од 5-1 на гостувањето кај Бенфика во Лигата на шампиони, а клубот од Белгија ја соопшти разделбата со кратко но брутално известување.

„Скот Паркер повеќе не е тренер на Клуб Бриж. Паркер беше именуван за нов тренер на Клуб Бриж на 31. декември минатата година. Поранешниот репрезентативец на Англија претходно работеше во Фулам и Борнмут и го наследи Карл Хефкенс на кормилото на Клуб Бриж. Во 12 натпревари, Британецот успеа да забележи само две победи“ – стоеше во соопштението.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани