Клуб Бриж и Милан како магаре на мост, Де Кетеларе го делат 5 милиони од Сан Сиро

by
1 минути читање

Талентираниот фудбалер од Белгија од поодамна ги договори личните услови со Милан и чека двата клуба да си подадат рака за трансфер, но преговорите не одат според планот.

Последните информации велат дека Клуб Бриж и Милан не сакаат да мрднат од своите позиции.

„Росонерите“ велат дека понудата од 30+2 милиони евра е финална, додека пак Клуб Бриж бара најмалку 35+2 милиони евра за да се раздели од својата млада ѕвезда.

Двата клуба ќе продолжат да преговараат денеска и утре, и ќе треба да престанат да се инаетат како магаре на мост за Шарл Де Кетеларе да се пресели на Сан Сиро.

Во меѓувреме, медиумите од Италија пишуваат дека Милан полека почнува да мисли на план Б и на врвот на листата е Хаким Зијеш од Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани