Клоп за првата средба со Мане: Мислев дека е рапер… после ми одеше да си удрам една

by
1 минути читање

Садио Мане беше едно од првите засилувања на Јирген Клоп во Ливерпул, но соработката завршува откако Сенегалецот договори трансфер во Баерн Минхен.

Пред неколку години, Германецот раскажа за првата средба со Садио Мане, кога се обидел да го донесе напаѓачот во Борусија Дортмунд.

„Тогаш направив грешка. Се сретнавме, разговаравме, ми се допадна играчот, но го немав потребното чувство“ – рече Јирген Клоп.

„Неговото бејзбол капче беше наместено наопаку, и тогаш ја имаше таа сина линија на косата… повеќе ми личеше на рапер отколку на фудбалер. Си помислив, „немам време за ова“. Би рекол дека добро знам да ги проценам луѓето, но колку само погрешив тогаш!“

„Видете, во Дортмунд можевме да купиме само еден играч на позиција, не двајца или тројца, па мораше да се поклопат сите коцки“.

„Три месеци подоцна, ми идеше да си удрам една, знаев дека кога следен пат ќе ми се укаже шанса да го ангажирам, морам да го сторам тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани