„Црвените“ лошо
ја отворија новата сезона во Премиерлигата, на шест натпревари имаат само две
победи, а разочараа и на стартот во Лигата на шампионите, синоќа загубија со
убедливи 4-1 на гостувањето кај Наполи.
Па веќе почнаа да
кружат гласини дека се тресе тренерското столче на Јирген Клоп, кој сепак не стравува дека ќе го снајде судбината на Томас Тухел.
„Не сум загрижен
за мојата иднина, но кој знае што може да се случи?“ – рече Германецот по
дебаклот на „Диего Армандо Марадона“ стадионот.
„Мојата ситуација
и онаа на Томас Тухел се различни бидејќи се работи за различен тип на
сопственици“.
„Нашите сопственици
се спокојни и очекуваат јас да најдам решение, наместо да донесат друг тренер да
ги решава проблемите“.
„До овој момент,
така гледаа на работите а дали тоа ќе се промени во иднина, ќе видиме“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.