Ливерпул беше
надигран во сите погледи од Манчестер Сити во дербито на колото во
Премиерлигата, па бранителот на титулата претрпе пораз на свој терен со
убедливи 1-4, а повеќе од веројатно е дека Јирген Клоп не го поднесе добро тој
пораз.
Германскиот
фудбалски стратег влезе во конфронтација со израелски новинар, на кого му
порача подобро да си ја подготви својата работа, а тоа се случи откако Нив
Доврат од „Спорт 1 ТВ“ го праша за шансите за титула оваа сезона.
„Јас навистина
мислам дека ти треба подобро да се подготвиш за твојата работа, да бидам
искрен, како можеш да ме прашаш тоа?“ му одговори налутено Клоп.
„Тие имаат
разлика од 13 бода, а според моето разбирање, и сиве овие прашања околу тоа кој
ќе биде шампион, дали навистина сметаш дека се поставени во вистински момент?“
додаде тој, алудирајќи на фактот што „Граѓаните“ имаат десет бода предност, но
и меч повеќе.
„Ние имаме само
две прашања и ти користиш едно за таа тема, твоја вина, ти имаш само две
прашања“ посочи Клоп.
[sport pod]pic.twitter.com/QVDMH25pAN
Предводникот на
Ливерпул потоа ја спушти топката на земја, а потсети дека „Редсите“
размислуваат за битката за топ четирите места во Премиерлигата сезонава.