Јирген Клоп
минатиот месец во емотивна видео порака соопшти дека по крајот на сезоната се
повлекува од тренерското столче на Ливерпул.
Но како што
пишува „Футмеркато“, одлуката била донесена уште пред неколку месеци,
Германецот за својата намера го известил раководството на клубот уште во
ноември.
„Црвените“ не
губеле време, и веднаш почнале да кројат планови, Чаби Алонсо е идентификуван
како топ кандидат за кормилото.
Ливерпул веќе
остварил контакт со Шпанецот и бил опипан терен за можноста тој да се врати на
Енфилд.
Чаби Алонсо го
привлече вниманието откако одлично ги склопи коцките во Баер Леверкузен,
„фармацевтите“ немаат изгубено на 30 натпревари во низа и во моментов се лидери во
Бундеслигата, се пласираа во полуфиналето во Купот на Германија, како и во
нок-аут фазата во Лига Европа.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.